Луј II
From Wikipedia, the free encyclopedia
Луј II од Франција, познат и како Луј Пелтекот (француски: Louis le Bègue) (1 ноември 846 – 10 април 879) бил крал на Аквитанија, а подоцна и крал на Западна Франкија. Тој бил најстариот син на императорот Карло Ќелавиот и Ерментруда Орлеанска. Луј Пелтекот бил физички слаб и починал само две години по неговиот татко.
Луј Пелтекот | |
---|---|
Крал на Западна Франкија | |
Крунисување на Луј II (слика од 14 век) | |
На престол | 877–879 |
Крунисување | 8 октомври 877 во Компиењ |
Претходник | Карло Ќелавиот |
Роден(а) | 1 ноември 846(846-11-01) |
Починал(а) | 10 април 879(879-04-10) (возр. 32) Компиењ |
Почивалиште | Опатија Сен-Корнеј, Компиењ, Франција |
Сопружници | Ансгарда Бургундска Аделаида Париска |
Деца | Луј III од Франција Карломан II Хилдегарда од Франција Гизела од Франција Ерментруда од Франција Карло Простиот |
Династија | Каролинзи |
Татко | Карло Ќелавиот |
Мајка | Ерментруда Орлеанска |
Тој го наследил неговиот помлад брат Карло Детето како владетел на Аквитанија во 866 и неговиот татко во Западна Франкија во 877, но никогаш не бил крунисан за цар. Во францускиот монархистички систем го сметаат за Луј II.
Луј бил крунисан за крал на 8 октомври 877 од страна на Хинкмар, архиепископот на Ремс, во Компиењ а по вторпат бил крунисан во август 878 од страна на папата Јован VIII во Троапри посетата на папата[1]. Папата можеби му ја понудил и царската круна, но таа била одбиена. Луј имал релативно мало влијание врз политиката. Го опишувале како "едноставен и мил човек, љубител на мирот, правдата и верата". Во 878 година, тој регионите на Барселона, Жирона и Бесалу на му ги дал Вилфред Влакнестиот. По второто крунисување, тој во Фурон блиску до Лиеж, склучил договор со неговиот братучед Лудвиг Саксонски [2] со кој се потврдила поделбата на Лотарингија кои ја направиле нивните татковци во 870 со Мерсенскиот договор.
Со нежно здравје, починал на 11 април 879, токму кога се подготвувал да тргне во воен поход за да го потчини Бернар Готски, грофот на Отен и Макон, кој се кренал на бунт против него[3].
По неговата смрт, кралството било поделено помеѓу неговите два сина, Карломан II и Луј III од Франција.