Лудвиг ван Бетовен
From Wikipedia, the free encyclopedia
Лудвиг ван Бетовен (правилен изговор: Бетховен германски: Ludwig van Beethoven; роден на 17 декември 1770 во Бон – починал на 26 март 1827 во Виена[1]) — германски композитор на класична музика и пијанист со фламанско потекло. Тој е еден од најзначајните претставници на транзициониот период помеѓу класицистичката и романтичарската ера во западната класична музика и се смета за еден од најпочитуваните, најпопуларните и највлијателните композитори на сите времиња. Неговиот музички опус вклучува: девет симфонии, пет концерти за пијано, еден концерт за виолина, 32 концерти за сонати, 16 гудачки квартети, неговата голема миса (Missa solemnis) и операта „Фиделио“.
Кратки факти Информации, Датум на раѓање ...
Лудвиг Ван Бетовен | |
Портрет на Бетовен. Ј. К. Штилер, 1820 г. | |
Информации | |
---|---|
Датум на раѓање | 16 декември 1770 |
Место на раѓање | Бон |
Датум на смртта | 26 март 1827 |
Место на смртта | |
Период | класицизам рани романтизам |
Дело | |
Попознати дела | Ода на радоста За Елиза Месечева соната V симфонија |
Соработници | Јозеф Хајдн Антонио Салијери |
Затвори