Лига 1 (Франција)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Лига 1 (француски изговор : [liɡ œ̃]),порано позната како Дивизија 1 е професионална француска лига на здружение на професионални клубови.Таа е највисокото фудбалско натпреварување во земјата и служи како највисока дивизија во францускиот лигашки систем. Лига 1 е една од двете дивизии кои ја формираат Професионлната лига, а другата е Лига 2 (Втора лига). Во натпреварување со 20 клуба, таа функционира на систем на промовирање и испаѓање со Лига 2. Сезоните траат од август до мај, кога тимовите играат по 38 натпревари сè на сè вкупно 380 натпревари во една сезона. Повеќето натпревари се играат во сабота или недела, а неколку натпревари се играат навечер во текот на неделата. Натпреварувањето редовно се прекинува последниот викенд пред Божиќ за 2 недели и продолжува во втората недела од Јануари. Лига 1 е една од врвните национални лиги, моментално рангирана петта во Европа, веднаш по англиската Премиер лига, шпанската Ла лига, италијанската Серија-А и германската Бундес лига. Лигата е официјално позната како Лига 1 Оринџ бидејќи е спонзорирана од француската телекомуникациска компанија Оринџ. Liga 1 беше формирана на 11ти септември 1932 година под името “Насионал” пред да се преименува во Дивизија 1 по едногодишно постоење. Ова име се користеше сѐ до 2002 година пред да се преименува во нејзиното сегашно име. Клуб со најповеќе освоени титули е Марсеј, кои ја освоија нивната деветта титула во сезоната 2009-2010. Со титулата, Марсеј стави крај на историската суша, со тоа што последната титула ја освоија во сезоната 1991-92. Лига 1 се смета за компетентно раководена, со добар план на закажани натпревари, исполнети правила кои постојано се почитуваат, навремено решавање на проблемите и соодветни акселациони процедури за судски спорови со национални или интернационални институции. Лигата се соочи со три значајни корупциски скандали во нејзината историја (Антиб во 1933, Ред стар во 1950-те и Марсеј во 1993) и ја сочува нејзината репутација со брза и соодветно строга казна за обвинетата страна.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |