Леуново — село во Општина Маврово и Ростуше, сместено на брегот на Мавровското Езеро.

Кратки факти
Леуново
Thumb

Поглед на Мавровското Езеро и на селото Леуново

Thumb
Леуново
Местоположба на Леуново во Македонија
Леуново на карта

Thumb

Координати 41°41′42″N 20°47′52″E
Регион Полошки
Општина Маврово и Ростуше
Население31 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.1254
Повик. бр.042
Шифра на КО07047
Надм. вис.1340 м
СлаваГолема Богородица
Леуново на општинската карта
Thumb

Атарот на Леуново во рамките на општината
Леуново на Ризницата
Затвори

Географија и местоположба

Селото Леуново се наоѓа во Мавровската Котлина, на источниот брег на Мавровското Езеро. Административно претставува дел од Општина Маврово и Ростуше, западна Македонија, сместено во источниот дел на општината. Воедно, селото претставува и дел од Националниот парк Маврово. Се наоѓа во пониските делови на планината Бистра.

Селото е поврзано со асфалтниот локален пат P-413 со соседните села Никифорово и Маврово, пат кој го обиколува Мавровското Езеро. Од градот Гостивар е оддалечено 25 километри.

Во близина на селото се наоѓа и браната „Леуново“, која е составен дел од мавровскиот хидроенергетски систем. Самата брана била обновена во текот на 2013 година, при што била зајакната нејзината градба, а самата целина била хортикултурно средена, а на самата брана била изградена патека.[2]

Историја

Селото првпат се споменува во текот на XIII век во грамотата на Константин Тих.

Според мештаните, селото првобитно се наоѓало во месноста Ѓоновица, каде се среќаваат остатоци од средновековна населба.[3]

Во поновата македонска историја, од Леуново потекнуваат бројни борци во НОБ за Македонија, при што самото село поднело 15 жртви. На 21 август 1943 година, селото е целосно запалено и изгорено од страна на балистичките банди.

Во последните години селото се соочува со особени проблеми со електричното осветлување.[4]

Стопанство

Во поново време, селото е насочено кон развој на селскиот туризам, притоа искористувајќи ги придобивките на близината на Мавровското Езеро и Маврово како зимски туристински центар во Македонија. Постојат повеќе пансиони и хотели.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948329    
1953436+32.5%
1961265−39.2%
1971106−60.0%
198160−43.4%
ГодинаНас.±%
199126−56.7%
199440+53.8%
20026−85.0%
202131+416.7%
Затвори

Населението во селото започнало да се намалува по првите реформи и индустријализацијата на земјата во времето на Југославија, кога жителите започнале да се иселуваат по градовите, со што бројноста на селото започнала драстично да се намалува. Неповолно кон бројот на жители се одразило и потопувањето на Мавровската Котлина, како и плодното земјиште на селото.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Леуново имало 955 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Леуново имало 840 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци.[7]

Низ годините во селото Леуново, освен Македонци, живееле и помал број на Албанци, Турци и Срби.

Според пописот од 2002 година, во Леуново живеат само 6 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 31 жител, од кои 27 Македонци и 4 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 955 840 329 436 265 106 60 26 40 6 31
Затвори
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Леуново е македонско село.

Според истражувањата од 1920-тите родови во селото биле:

  • Доселеници: Караџовци (10 к.), Рудинци (7 к.), Белковци (3 к.), Мердановци (3 к.), Зелемборовци (20 к.), Стојановци (7 к.), Цагулевци (25 к.), Мануковци (5 к.), Карапанџовци (5 к.), Димевци (19 к.) и Марковци (20 к.) сите се доселени од областа Порече.

Во селото некое време имало и Албанци. Они припаѓале на родовите: Голаовци и Аметовци (13 к.) доселени од Албанија.[14]

Самоуправа и политика

Селото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната Општина Маврови Анови, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Ростуша, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуше, во која денес се наоѓа селото.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар, додека во периодот по војната од 1957 до 1965 година се наоѓала во некогашната општина Маврово. Во рамките на истата општина се наоѓало и во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Никифорово, во која покрај Леуново се наоѓале и Маврово и Никифорово. Самата Општина Никифорово била дел од Гостиварската околија. Општината Никифорово постоела и во периодот 1950-1952 година.

Културни и природни знаменитости

Thumb
Поглед на главната селска црква „Успение на Пресвета Богородица“
Цркви[15]
Споменици
Археолошки наоѓалишта[3]
Езера

Редовни настани

Личности

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.