![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/0/05/Twiggy_1973_crop.jpg/640px-Twiggy_1973_crop.jpg&w=640&q=50)
Твиги
From Wikipedia, the free encyclopedia
Твиги (родена 19 септември 1949 , со нејзиното вистинско име Лесли Хорнбај) е англиски модел, глумица и пејачка, денес исто така позната под името Твиги Лоусон, презиме кое го добива од сопругот. Како тинејџерка, на свои 16 години, таа стана првиот истакнат модел. Таа беше позната по нејзината Андрогенија, големите очи, долгите трепки, витата става и кратката коса .Од страна на магазинот “Дејли Експрес” во 1966, таа беше прогласена за “Лице на 1966год.”и Британците ја прогласија за жена на годината. До 1967 Твиги работеше како манекенка во Франција, Јапонија и Америка, појавувајќи се на насловните страници на “Вог” и “Татлер”. Нејзината слава почна да се шири низ целиот свет.
![]() | Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/0/05/Twiggy_1973_crop.jpg/640px-Twiggy_1973_crop.jpg)
Откако се прослави како манекенка, Твиги започнува успешна кариера и као медиска личност застапена во повеќе проекти. Таа ја водеше својата емисија “Луѓето на Твиги” во која таа интервјуираше познати личности и исто така се појави како судија на реалното шоу “Идниот Американски топ модел”. Нејзината автобиографија “Твиги во Црно и Бело” (1998) влезе во списокот на бестселери. Од 2005 таа како манекенка работеше за “Маркс и Спенсер”, за да ги промовира нивните најнови брендови, појавувајќи се на ТВ реклами и печатените медиуми, заедно со Мајлин Клас, Ерин О’ Конор, Лили Кол и др.