Куршумли ан
ан во Скопје, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Куршумли ан — поранешен ан во Старата скопска чаршија од османлиско време, кој денес се користи за одржување на културни збиднувања.
Место
Куршумли ан се наоѓа на левиот брег на реката Вардар во некогашна железарска чаршија во Скопје во дворот на Музејот на Македонија. Изграден е во првата половина на XIV век.
Први податоци
Сигурни податоци за подигањето на анот не постојат, но се мисли дека на основите на некоја стара зграда Турците го доѕидале и го приспособиле за карван-сарај, по угледот на некои такви анови градени на исток. Во изворите се споменува како задолжбина на Мула Муследин Оџа, син на Абдул Гани во 1550 г, кој бил дворски научник на султанот Селим II.
Функции на местото
Куршумли ан од своето постоење ја менувал својата функција, отпрвин бил ан сè до 1787 г. кога бил претворен во затвор. Во него биле затворени многу македонски револуционери особено по Виничката афера. Од 1904 г. до 1914 г. служел повторно како ан. По својот надворешен и внатрешен изглед не се оделува од останатите типизирани карван-сараи кои постоеле во градските центри.
Уредување на анот
Куршумли ан делува импозантно со декоративно градените ѕидови и малите куполи во форма на пирамиди со благо издадени страни кои секогаш биле покриени со олово (куршум) по што го добил и своето име. Главниот велз се наоѓа на јужната страна. Над влезната врата е изграден трем со куполест покрив. Многубројните квадратни столбови, поврзани со лакови на приземјето и катот создаваат интимен амбиент со дворот и шарванот во него. Приземните простории служеле како магацин на стоки а катовите како соби за одмор. Во вториот дел на анот биле изградени простории за сместување на добитокот. Овој дел имал посебен влез од источната страна. Во најново време неговите простории се користат како лапидариум на Музејот на Македонија.
Поврзано
- Куршумли ан (Прилеп) — истоимен ан Прилеп, денес во урнатини
- Стара скопска чаршија
- Отоманска архитектура
Надворешни врски
- Куршумли ан на Ризницата ?
- Културни збиднувања во Куршумли ан Архивирано на 4 март 2016 г. — Time.mk Настани
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.