Куп на шампиони 1990/91
From Wikipedia, the free encyclopedia
Куп на шампиони 1990/91 — 36-то издание од Купот на шампионите, најсилното европско клупско фудбалско натпреварување. Финалето било одиграно на 29 мај 1991 година на стадионот Свети Никола во Бари. На тој натпревар Црвена Ѕвезда го победила Олимпик Марсеј по изведување на пенали. За Црвена Ѕвезда тоа била прва титула во ова натпреварување. Црвена Ѕвезда станала втора источноевропска екипа по Стеауа која го освоила ова натпреварување.
Податоци за купот | |
---|---|
Датуми | 19 септември 1990 - 29 мај 1991 |
Екипи | 31 (from 1 confederation) |
Финале | |
Шампиони | ![]() (1. титула) |
Вице-шампион | ![]() |
Статистики за купот | |
Одиграни натпревари | 59 |
Постигнати голови | 188 (3.19 по натпревар) |
Најдобар стрелец(и) | ![]() ![]() |
Ова издание од Купот на шампионите требало да го најави враќањето на англиските екипи на европската сцена по несреќата на стадионот Хејсел во 1985 година и суспензијата за учество во европските натпреварувања, но суспензијата за Ливерпул била продолжена за уште една сезона, додека на Астон Вила и било дозволено натпреварување во УЕФА Купот. Местото на Ливерпул не било пополнето со повикување на некој друг клуб, наместо тоа, Милан бил слободен во првото коло. Исто така, и покрај освојувањето на холандската лига на Ајакс му било забрането учество во ова издание од Купот на шампионите.