село во Општина Прилеп From Wikipedia, the free encyclopedia
Крстец — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.
Крстец | |
Поглед на селото Крстец | |
Координати 41°24′15″N 21°40′15″E | |
Општина | Прилеп |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 20054 |
Крстец на општинската карта Атарот на Крстец во рамките на општината | |
Крстец на Ризницата |
Селото Крстец се наоѓа на планината Бабуна, оддалечено 13 километри североисточно од градот Прилеп.
Црквата „Свети Никола“ е од 1881 година.[2]
Во XIX век селото е дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Крстец живееле 300 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Крстец имало 176 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Крстец се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 22 куќи.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[6]
Според пописот на населението во 2002 година, во селото имало само 1 жител, Македонец.
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 300 | 176 | 192 | 187 | 93 | 21 | 9 | 6 | 8 | 1 | 0 |
Крстец е македонско село.
Според истражувањата од 1954, родови во селото:
Постари иселеници има во Тиквеш.
пет семејства од Кочовци се иселени во Прилеп. И до 1954 година од селото се иселиле 20 семејства во Прилеп.[11]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.