Кримската кампања од 1687 и 1689 година — назив за два руски походи кои биле преземени за време на Руско-турската војна од 1686-1700 година, на Кримското ханство. Ова бил првиот обид на руските војски да дојдат во близина на Крим по 1569 година, Русите сепак не успеале, главно поради лошата организација.
По потпишувањето на мировен договор со Полска во 1686 година, Русија станала член на анти-османлиската коалиција заедно со Светата лига во која влегувале Австрија, Венеција и Полска. Целта на унијата била да се протерат Отоманците на југ по нивната неуспешна опсада на Виена во 1683 година. Вториот поход кон Крим започнал во 1689 година. Во овој поход учествувале околу 120.000 војници и 350 топови. кон нив се придружиле и околу 40.000 Козаци. И покрај големата армија, главно поради немањето на храна и вода, Русите биле принудени да се повлечат.
Походите претставувале изненадување за Отоманското Царство, главно бидејќи ги расипале османлиските планови за инвазија на Полска и Унгарија. Поради овој поход, Отоманците биле принудени да преместат значајни сили од Европа на исток, што во голема мера и помогнало на Лигата во нејзината борба против нив[1][1].
Наводи
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.