Крал (шах)
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кралот (♔,♚) е најважната фигура во шахот. Целта на играта е да се вршат закани кон противничкиот крал на начин што тој нема да може да побегне (шах-мат). Ако кралот на играчот е под закана од туркање, тогаш се вели шах, и играчот мора да ја отстрани заканата со следниот потег. Ако тоа не може да се стори, тогаш се вели шах-мат, при што играчот губи. Играчот не може да направи ниту еден потег со кој ќе го постави својот крал во шах. Иако кралот е најважната фигура, често е и најслабата во подоцнежната фаза од играта, кога се останати само неколку фигури на шаховската табла.
Шаховски фигури | |
---|---|
Крал | |
Дама | |
Топ | |
Ловец | |
Коњ | |
Пион |
Белиот крал стартува на првото поле што е десно од кралицата. Додека пак, црниот крал стартува директно спроти белиот крал. Поинаку кажано, почетната на белиот крал е на полето e1, а на црниот - полето е8.
Кралот може да се помести едно поле во секоја насока (хоризонтално, вертикално или дијагонално) сè додека на тоа поле не се наоѓа пријателска фигура или со самото движење ќе се постави во положба на шах. Како резултат на тоа, противничките кралеви може никогаш да не се наоѓаат на иста линија, ист ред или иста дијагонала и меѓу нив има само едно празно поле (види опозиција), но кралот може да врши директен напад (напад кога една фигура се движи кон друга) со отворање на ловецот, топот или кралицата. Кралот исто може да биде дел од посебниот потег, наречен рокада.
a | b | c | d | e | f | g | h | ||
8 | 8 | ||||||||
7 | 7 | ||||||||
6 | 6 | ||||||||
5 | 5 | ||||||||
4 | 4 | ||||||||
3 | 3 | ||||||||
2 | 2 | ||||||||
1 | 1 | ||||||||
a | b | c | d | e | f | g | h |
a | b | c | d | e | f | g | h | ||
8 | 8 | ||||||||
7 | 7 | ||||||||
6 | 6 | ||||||||
5 | 5 | ||||||||
4 | 4 | ||||||||
3 | 3 | ||||||||
2 | 2 | ||||||||
1 | 1 | ||||||||
a | b | c | d | e | f | g | h |
a | b | c | d | e | f | g | h | ||
8 | 8 | ||||||||
7 | 7 | ||||||||
6 | 6 | ||||||||
5 | 5 | ||||||||
4 | 4 | ||||||||
3 | 3 | ||||||||
2 | 2 | ||||||||
1 | 1 | ||||||||
a | b | c | d | e | f | g | h |
При конјункцијата со топот, кралот може да направи посебен потег наречен рокада, во кој кралот се движи две полиња кон еден од топовите и топот е поставен на полето низ кое кралот поминал. Рокадата е дозволена само кога ниту кралот, ниту топот претходно биле поместувани, ниту едно поле помеѓу нив е зафатено, кралот не е во шах и со неговото поместување нема да се стави во положба шах.
За кралот кој е под напад се вели дека е во шах, а играчот мора веднаш да ја поправи ситуацијата. Постојат ти начини на кои може да се направи тоа:
Ако ниту една од овие можности не може да се направи, кралот е во позиција на шах-мат и тој ја губи играта.
Пат е позиција во шахот кога не постои веќе можност за изведување на каков било потег.
Ако тоа се случи, играта завршува нерешено. Играчот којшто има многу мала шанса да победи или пак никаква, со цел да ја избегне победата, пробува да ја доведе играта во оваа ситуација.
На почетокот и средината од играта, кралот ретко игра улога во поставување на напаѓачка или дефанзивна позиција. Всушност, играчот ќе проба да го заштити својот крал. Меѓутоа, на крајот од играта, кралот игра активна улога во развојот на понатамошната игра.
Не е значајно да му се додели вредност на кралот во однос на останатите фигурни, поради тоа што не може да биде турнат или разменет, но мора да се штити по секоја цена. Па затоа, неговата вредност е бесконечна.
Уникод дефинирал два кода за кралот:
♔ U+2654 Бел крал (HTML ♔)
♚ U+265A Црн крал (HTML ♚)
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.