![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/8b/Cosmic_ray_flux_versus_particle_energy.svg/langmk-640px-Cosmic_ray_flux_versus_particle_energy.svg.png&w=640&q=50)
Космичко зрачење
From Wikipedia, the free encyclopedia
Koсмички зраци — субатомски честички со енергетски полнеж кои потекнуваат од вселената. Тие може да произведат второстепени честички кои можат да навлезат во Земјината атмосфера и површина. Изразот зрак се провлекол низ исоријата бидејќи порано се мислело дека ко смичките зраци претставуваат електромагнетни бранови. Примарните космички зраци (оние кои навлегуваат во Земјината атмосфера а потекнуваат од далечните вселенски пространства) се составени од познати стабилни честички кои ги има на Земјата во нормални услови, како протони, неутрони и електрони. Но, многу мал дел се и стабилни антимаетријални честички како антипротони, антинеутрони и антиелектрони, а нивната природа е сè уште предмет на истражувања.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/8b/Cosmic_ray_flux_versus_particle_energy.svg/320px-Cosmic_ray_flux_versus_particle_energy.svg.png)
Околу 89% од космичките зраци се обични протони или водородни јадра, 10 % се хелиумови јадра или алфа-честички и 1% се јадра на некои потешки елементи. Космичките зраци содржат 99% од овие јадра. Слободните електрони (како бета-честички, иако нивниот извор е непознат) го дполнуваат останатиот 1% во составот на космичките зраци. Разликата во енергии на честичките варира во зависност од нивниот извор. Ове честички можат да се создадат со јадрените процеси во Сонцето (како и во другите ѕвезди), но и во некои досега неистражени процеси коишто се случуваат во далечните вселенски пространства. Космичките зраци можат да имаат енергии >1020eV, многу повисоки од енергиите 1012 еV и 1013eV кои можат да ги произведат акцелераторите на честички сместени на Земјата.
Космичките зраци имаат примарна улога во формирањето на литиумот, берилиумот и борот во универзумот низ процесот на космичка нуклеосинтеза. Тие исто така произведуваат некои таканаречени космогенско стабилни изотопи и некои радиоизотопи на Земјата, како јаглерод-14. Во историјата на физиката на честички, космичките зраци беа изворот за откритието на позитронот, мионот и π-мезонот. Космичките зраци составуваат голем дел од природното позадинско зрачење на Земјата. Бидејќи интензитетот на космичките зраци е многу поголем во погорните слоеви на Земјината атмосфера и во магнетното поле, се очекува да имаат значаен удел во дизајнирање на вселенски летала за меѓуѕвездени патувања.