Кордопски Калифат
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кордопскиот Калифат била држава која се наоѓала на Пиринејскиот Полуостров и Северна Африка во периодот од 929 година до 1031 година. Престолнина на калифатот бил градот Кордоба. Периодот во којшто опстојувал калифатот е познат по значајните успеси кои биле постигнати на полето на трговијата и културата. Во текот на владеењето на овој калифат, Во престолнината била изградена познатата Мескита де Кордоба, најголемата џамија во тоа време во регионот. Абдераман III на 16 јануари 929 година се прогласил за халиф на Кордоба. Сите наредни калифи биле членови на Умаидската династија. Претходно, истата династија владеела со овие простори но како емири од Кордоба. Во 1010 година избила граѓанска војна. Калифатот формално постоел до 1031 година, кога бил уништен од страна на независните мали таифи кои формирале на овие простори мали муслимански кралства.
Кордопски Калифат | |||||
خلافة قرطبة | |||||
| |||||
---|---|---|---|---|---|
Caliphate of Córdoba (green), c. 1000. | |||||
Главен град | Кордоба | ||||
Јазици | Арапски, Мозарапски, Средновековен хебрејски | ||||
Вероисповед | ислам | ||||
Уредување | Монархија | ||||
Историја | |||||
- | Абд-ар-Рахман I | 756 | |||
- | Абд-ар-Рахман III | 929 | |||
- | поделба на повеќе мали кралства (хаифи) | 1031 | |||