општонаменски уред што се програмира и е наменет за вршење на аритметички и логички операции From Wikipedia, the free encyclopedia
Сметач[1] или компјутер[2] (англиски: computer) — електронски уред што се користи за обработка на податоци според строго одредена процедура.
Најпрво, обработката на информации со сметачите била ограничена исклучиво на аритметички проблеми, но современите сметачи се користат и за многу задачи неврзани со математика[се бара извор]. Оваа дефиниција опфаќа механички уреди како што е шибер, разни механички пресметувачи од абакус па натаму, како и сите современи електронски пресметувачи. Некогаш постоела поделба на аналогни и дигитални електронски сметачи, но со време аналогниот изумрел па денес поимот сметач се однесува исклучиво на дигитален сметач. Современите пресметувачи (сметачи) се појавиле во педесеттите години од XX век, а работеле така што податоците се припремале на издупчени картички и потоа преку посебни оптички читачи се внесувале во сметачот каде понатаму се вршела обработка на податоците. Резултатот се прикажувал на монитор или со помош на печатач се печателе на хартија. Во седумдесеттите се појавиле џебните пресметувачи, кај нас познати под името дигитрони.
Скоро истовремено се воведени оддалечени (тн. „глупи“) терминали кои имале монитор и тастатура за внесување на податоци во едно куќиште, но обработката на податоците и понатаму се вршела во главниот (и единствен) сметач. Подоцна се појавиле и „интелигентни“ терминали кои дел од операциите можеле да ги извршуваат сами. Википедија, денес, е во електронска смисла организирана на сличен начин - главниот сметач е во САД, а интелигентните терминали кај корисникот[се бара извор]. Интернетот има улога на „мрежа“.
По пронаоѓањето на интегралните кола, а помеѓу нив посебно микрообработувачите и мемориските интегрални кола кон крајот на шеесеттите години, во седумдесеттите се појавиле домашните сметачи од типот Епл (Apple), Синклер (Sinclair (ZX Spectrum, ...)), Галаксија, Комодоре (Commodore (VIC, 64, ...)) итн... Главна намена им била да служат како скромни обработувачи на текст, малку вкрстени табели и, најважно, игри, иако не треба да се заборави дека сметачот, ако говориме за професионална примена, во 80 % од случаите се користи за обработка на текст.
Во почетокот на осумдесеттите се појавиле и првите лични сметачи. По многу краток период на пазарот останале две јаки фирми ИБМ (IBM (ај-би-ем)) и Епл (Apple (Епл - јаболко)). И додека ИБМ го зафати пазарот за деловни луѓе со својот личен сметач (IBM PC), Епл својот сметач Епл Лиза (Apple Lisa) го намени за научниците и уметниците кои користат графика. Благодарение на т.н. „отворена архитектура" - јавно објавена електрична шема на сметачите и слободни жлебови на матичната плоча, им овозможило на другите фирми да развијат околу 4.000 различни печатени плочи кои со поставување во Ајбием персоналните сметачи можеле да извршуваат и многу други додатни различни функции (управување со роботи, мерни инструменти, медицински уреди, технолошки процеси во фабрики, млекари, пиварници, кланици и сл.)
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.