Колера
From Wikipedia, the free encyclopedia
Колерата е акутно, инфекциско заболување ендемско за Азија.
Кратки факти Колера, Специјалност ...
Колера | |
---|---|
Слика од Vibrio cholerae добиена од скенирачки електронски микроскоп | |
Специјалност | Заразна болест, ургентна медицина |
Затвори
Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето). |
Колерата ја предизвикува Vibrio cholerae во два биотипа - класичен и El Tor. Вториот тип може да преживее подолго во природа, може да предизвика субклинички случаи, има подолг период на фекална екскреција од организмот и може да се пренесува од случај на случај или преку вода и храна.
- пренесувањето на колера е најчесто преку заразена вода која се црпи од плитки и незаштитени бунари и исто така флаширана вода со мраз.
- морската храна исто така се посочува како можен извор, особено сирова или малку готвена
Најголем дел од луѓето заразени со V. cholerae имаат блага до средно изразена дијареа но доколку навреме не се лекува, колерата е една од најбрзоширечките, фатални инфекции воопшто познати
- во ендемски области
- најчесто заболуваат децата
- случаите се поретки кај повозрасни лица поради имунитетот стекнат со тек на време
- во неендемски области не постои специфична возрасна група над која колерата делува, општо земено, целото население нема развиено имунитет за одбрана од болеста....