Квалификации за Светско првенство во фудбал 2022
From Wikipedia, the free encyclopedia
Квалификации за Светско првенство во фудбал 2022 — фудбалско напреварување кое се состоело од серија на турнири организирани од шестте конфедерации на ФИФА, во кое 206 репрезентации членки на ФИФА се натпреварувале за 31 место кое овозможува настап на Светското првенство 2022 кое ќе се одржи во Катар. Последното 32-ро место на првенство било за репрезентацијата на Катар која како домаќин имала обезбеден директен пласман на првенството.
Квалификации за Светско првенство 2022 2022 FIFA World Cup qualification | |
---|---|
Податоци за првенството | |
Датум на одржување | 6 јуни 2019 – јуни 2022 |
Екипи | 206 (од 6 конфедерации) |
Статистики на првенството | |
Број на натпревари | 865 |
Постигнати голови | 2424 (2.8 по натпревар) |
Гледачи | 8.912.978 (10.304 по натпревар) |
Голгетер | ![]() (14 гола) |
← 2018 2026 → |
Квалификациите започнале на 6 јуни 2019 година, кога првиот натпревар бил одигран помеѓу Монголија и Брунеи, а првиот гол го постигна монголскиот играч Норјмугиин Цеденбал, а треба да заврши во јуни 2022 година со меѓуконфедерацискиот плеј-оф. Процесот на квалификации претрпел многубројни одложувања поради Пандемијата на КОВИД-19.