Катерина II (Русија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Катерина II Велика (руски: Екатерина II Великая), родена Софија Фредерика Августа фон Анхалт-Цербст, (2 мај 1729 - 17 ноември 1796 ) — императорка на Русија во периодот од 1762 година до 1796. Таа всушност е и императорот кој најдолго се задржал на престолот на Руската Империја, а периодот од нејзиното владеење многу често се нарекува “Златен век“. Таа водела успешни освојувачки војни. По војната со Османлиското Царство од 1766 до 1774 кон Русија го приклучила Кримскиот Полуостров. Ја проширила и на запад, на сметка на Полска. Како резултат на овие освојувања Русија станала најголема и најсилна европска држава во XVIII век, меѓутоа на општествен и стопански поглед заостанувала зад западноевропските држави.
Оваа статија се однесува на руската царица од XVIII век. За познатата рок-група од поранешна Југославија, погл. Екатерина Велика (музичка група).
Кратки факти Катерина Велика, Императорка на Русија ...
Катерина Велика | |||||
---|---|---|---|---|---|
Императорка на Русија | |||||
На престол | 9 јули 1762 – 17 ноември 1796 | ||||
Крунисување | 12 септември 1762 | ||||
Претходник | Петар III | ||||
Наследник | Павле I | ||||
Руска царица | |||||
Tenure | 25 декември 1761 – 9 јули 1762 | ||||
Роден(а) | 2 мај 1729(1729-05-02) Штетин, Кралство Прусија | ||||
Починал(а) | 17 ноември 1796(1796-11-17) (возр. 67) Санкт Петербург, Русија | ||||
Почивалиште | |||||
Сопружник | Петар III | ||||
Деца 3 нелегитимни деца | Павле I | ||||
| |||||
Династија |
| ||||
Татко | Кристијан Аугуст | ||||
Мајка | Јохана Елизабета | ||||
Вероисповед | лутеранство, подоцна православие | ||||
Потпис |
Затвори