Карл Сејган
From Wikipedia, the free encyclopedia
Карл Едвард Сејган (англиски: Carl Edward Sagan; во Македонија грешно познат и како „Саган“; 9 ноември 1934 – 20 декември 1996) — американски астроном, астрохемичар, автор и голем популаризатор на астрономијата, астрофизика и на другите природни науки. Тој е пионер на полето на егзобиологијата и промотор на истражувањата поврзани со потрага по вонземска интелигенција (англиски термин: Search for Extra-Terrestrial Intelligence - SETI).
Карл Сејган | |
---|---|
Роден(а) | 9 ноември 1934(1934-11-09) Бруклин, Њујорк, САД |
Починал(а) | 20 декември 1996 (62 години) Сиетл, Вашингтон, САД |
Живеалиште | Итака, Њујорк[1] |
Националност | Американец |
Полиња | Астрономија, Астрофизика |
Установи | Универзитет Корнел Универзитет Харвард |
Образование | Универзитет во Чикаго |
Познат по | потрага по вонземска интелигенција Космос: Лично патување Златна плоча на вселенските летала Војаџер Плочката на вселенските летала Пионер Контакт |
Поважни награди | Oersted Medal (1990) NASA Distinguished Public Service Medal (двапати награден) Пулицерова награда (1978) Национална академија за науки Медал за јавна работа (1994) |
Во светот е најпознат по книгите за популаризација на науката и како соавтор на многу наградуваната серија од осумдесеттите години на минатиот век „Космос: Лично патување“, која е гледана од повеќе од 600 милиони луѓе во повеќе од 60 земји во светот, што ја прави оваа емисија една од најшироко прикажуваните во светот[2]. Заедно со оваа научно-популарна серија беше издадена и книга со истиот наслов. Карл Сејган е, исто така, и автор на романот Контакт врз основа на кој во 1997 година е снимен филм со истиот наслов, со Џоди Фостер во главната улога. Во текот на својот живот Карл Сејган има отпечатено повеќе од 600 научни статии и статии за популаризација на науката. Тој, исто така, е автор, соавтор или уредник на повеќе од 20 книги. Својата работа ја темелел врз научниот скептицизам, секуларниот хуманизам, како и врз научниот метод.