Капри
остров кај Неапол, Италија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Капри — остров кој се наоѓа во Тиренското Море на Сорентскиот Полуостров, на јужната страна на Неаполскиот Залив во регионот Кампанија во Италија. Главниот град на островот е градот Капри. Островот претставувал туристичка атракција уште од времето на Римската Република.
Поглед кон Капри | |
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 408: Malformed coordinates value | |
Географија | |
---|---|
Место | Тиренско Море |
Координати | 40°33′00″N 14°14′00″E |
Површина | 10,4 км2 |
Највисоко издигнување | 589 м |
Највисока точка | Монте Соларо |
Држава | |
Italy | |
Регион | Кампанија |
Метрополитенски град | Неапол |
Најголема населба | Капри (pop. 7,278) |
Демографија | |
Население | 12,200 (2002) |
Густина | 1.170 /km2 (3.030 /sq mi) |
Некои од главните знаменитости на островот се Марина Пикола (малото пристаниште), Белведер Трагара (високо панорамско шеталиште со вили), варовничките карпи над морето, градот Анакапри, Грота Азура, урнатините на римските вили и разните градови околу островот Капри, вклучувајќи ги и Позитано, Амалфи, Равело, Соренто, Нерано и Неапол.
Капри е дел од регионот на Кампанија, Неапол. Градот Капри е главна населба на островот. Островот има две пристаништа, Марина Пикола и Марина Гранде (главното пристаниште на островот). Посебната комуна на Анакапри се наоѓа високо на ридовите на запад.