Камчатски јазици
From Wikipedia, the free encyclopedia
Камчатските јазици се подгрупа на чукотско-камчатските јазици. Овие јазици или група дијалекти се зборуваат во Далечниот Исток на Русија или на Камчатка. Денес од оваа група само еден јазик е преживеан, ителменски јазик. Според податоците од 1991 година, овој јазик го зборувале помалку од 100 жители, повеќето старци.
Кратки факти Камчатски јазици, Географска распространетост: ...
Камчатски јазици | |
---|---|
Ителменски јазик | |
Географска распространетост: | Далечен Исток |
Класификација: | Чукотско-камчатски
|
Гранки: |
—
|
Затвори
Постојат тези, нецелосно поддржани, за можно постоење во минатото на уште два јазика или дијалекти. Денес овие се изумрени, но најверојатно биле доволно различни од ителменскиот за да се сметаат за посебни јазици (Комри, 1981). Трите дијалекта/ јазика биле зборувани во западните, источните и јужните предели на Камчатка.