From Wikipedia, the free encyclopedia
Пишаната историја на Мадагаскар започнала во 7 век, кога Арапите воспоставиле трговски контакти со островот. Контактот со европските сили започнал во 1500-ните кога португалскиот морнар Диего Дијаз, за својот пат кон Индија го пронашол островот. Кон крајот на 17 век, французите воспоставиле трговски односи околу неговиот источен брег. Во почетокот на 1790-тите, владетелите на Мерина успеале да воспостават контрола врз поголемиот дел од островот. Во 1917 година Мерина и Велика Британија потпишале договор за укинување на трговијата со робови, која била значајна за економијата на Мадагаскар. За возврат на тоа, островот добил финансиска помош од Британија. Британците ја прифатиле француската доминација на островот во 1885 година, во замена за Занзибар, денешен дел од Танзанија. Апсолутната француска контрола врз островот била воспоставена во 1895 година, а монархијата Мерина била укинета. Во времето на Втората светска војна, во 1942 година островот бил окупиран од страна на Велика Британија, а по поразот на Нацистичка Германија и Вишиевска република, островот повторно бил вратен на Франција. По војната започнале конфликтите против француската власт. По ова, земјата тргнала кон својата неависност по мирен пат. На 14 октомври 1958 година била прогласена Малгашката република, како автономна територија во внатрешноста на француската заедница. Целосна независност островот добил во 1960 година.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.