Имаго
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во биологијата, имагото е последната фаза која инсектот ја има за време на неговата метаморфоза, процесот на раст и развој. Кога ќе истече времето за мирување на куклата, нејзината кошула (exuvia) прска и низ направениот отвор излегува совршен инсект-имаго
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/62/Cicada_molting_animated-2.gif/228px-Cicada_molting_animated-2.gif)
На пример, кога пеперутката излегува од кошулката, таа е влажна и мека, нејзините крилја се залепени и не може да лета.
Функцијата на имаго воглавно се сведува на размножување на видот. Имагото на некои видови умира по парењето, иако има и имаго на други видови кои живеат неколку години по парењето (на пр. бубачки). Меѓу инсектите најдолг живот имаат женките на социјалните инсекти; ( матица на домашни пчели до 5 години), (кралици на мравка до 12 години), (женски на термити до 15 години).