Илуминати
From Wikipedia, the free encyclopedia
Илуминати (множина од латински: illuminatus - “просветлени”) — име дадено на одредени групи, и историски и современи, како и вистински и фиктивни. Историски, името се однесува посебно на Баварските Илуминати, тајно друштво од ерата на просветлувањето, основано на 1 мај, 1776 г.
Во совремието, исто така се користи за да укаже на наводна организација за заговор која дејствува како прикриена “моќ зад престолот”, наводно контролирајќи ги работите во светот преку денешните влади и корпорации, обично како современа инкарнација или продолжение на Баварските Илуминати. Во овој контекст, се верува дека Илуминатите управуваат настани кои ќе доведат до основање на Нов светски поредок.