From Wikipedia, the free encyclopedia
Илирското Кралство — илирски политички ентитет кој во античко време постоел на западниот дел на Балканскиот Полуостров. Без оглед на бројот на наизменично владејачките династии, нивната племенска припадност и вистинското проширување на нивното кралство, тоа претставувало сојуз на илирски племиња кои се обединиле под владеење на еден водач, експлицитно означен како „Крал на Илирите во античките историски записи (без разлика дали на старогрчки или на латински). [1] [2][3][4][5]
Илирско Кралство | |
---|---|
околу 400 п.н.е.–168 п.н.е. | |
Главен град | познати:
|
Говорени јазици | Илирски јазик |
Вероисповед | Илирска религија |
Уредување | Монархија |
крал | |
• 400 – 358 п.н.е. | Бардил (прво неспорен) |
• 181 – 168 п.н.е. | Генциј (последен познат) |
Историски период | Антика |
• Основана | околу 400 п.н.е. |
• Престанала да постои | 168 п.н.е. |
Денес дел од | Албанија Косово Хрватска Црна Гора Северна Македонија |
Политиката на Енхелејците била најраната што се појавила меѓу Илирите. Најраниот познат илирски крал – Бардилис – се појавил во јужна Илирија околу 400 п.н.е., најверојатно со центар во Дасаретис, регион покрај Охридското Езеро и на исток до Преспанските Езера, сместен на границата меѓу Македонија и Епир. Тој имал за цел да ја направи Илирија регионална сила која ќе може да се помеша во внатрешните работи на Македонија. Тој обединил многу јужни илирски племиња под своето царство и неколку пати ги поразил Македонците и Молосите, проширувајќи ја својата власт над Горна Македонија и Линкестида и ја потчинувал Македонија неколку децении додека не добил решителен пораз од Филип II Македонски. Пред подемот на Македонија Илирите биле доминантна сила во областа. Кралството на Таулантите на југоисточниот брег на Јадранот очигледно го достигнало својот врв под власта на Глаукија и доминирало во јужните илирски работи кон крајот на 4 век п.н.е., вршејќи големо влијание врз епирската држава преку блиските врски со молосискиот крал Пир.
Ардијаите, Аутаријатаите и Дарданите Страбон ги опишал како најсилните илирски народи. Од 6-5 век п.н.е. тие го следеле сопствениот општествено-политички развој во регионите што ги населувале, а само политичкиот ентитет Ардијади, кој се проширил во југоисточниот Јадран, се поистоветувал со Илирското Кралство во 3 век п.н.е. За време на ардискиот крал Агрон и неговата сопруга Теута, илирското кралство го достигнало својот врв. Тоа станало застрашувачка сила и на копно и на море со собирање голема војска и флота и директно владеејќи со голема област составена од различни илирски племиња и градови кои се протегале од реката Неретва на север до границите на Епир на југ, додека неговото влијание се проширило низ цел Епир и надолу во Акарнанија. Ардијатското Царство станало едно од главните непријатели на Рим и негова примарна закана во Јадранското Море. Доминантната моќ на илирското кралство во регионот престанала по неговиот пораз во Илиро-римските војни (229–168 п.н.е.). [1] Последниот познат „крал на Илирите“ бил Генциј, од племето Лабеати.
Во јужна Илирија организирани царства се формирале порано отколку во другите области на овој регион. Една од најстарите познати илирски династии е онаа на Енхелејците, која се смета дека го достигнала својот врв од 8-7 век п.н.е., но династијата паднала од доминантна моќ околу 6 век п.н.е.[6] Се смета дека слабеењето на династијата на Енхелејци резултирало со нивна асимилација и вклучување во новооснованото илирско кралство најдоцна во 5 век п.н.е., означувајќи го настанувањето на Дасаретите, кои се смета дека ги замениле на Енхелејците во областа Лихнид.[7]
Слабеењето на Енхелејското царство било предизвикано и од зајакнувањето на друга илирска династија основана во нејзина близина — онаа на Таулантиите — која постоела извесно време заедно со онаа на Енхелејците.[6] Таулантиите — уште еден народ меѓу античките попознати групи на илирски племиња — живееле на јадранскиот брег на јужна Илирија (денешна Албанија), доминирајќи во различни времиња на поголемиот дел од рамнината помеѓу Дрим и Војуша, опфаќајќи ја областа околу Епидамн/Дирахиум.[8] Кога ја опишува илирската инвазија на Македонија управувана од Аргеј I, некаде помеѓу 678–640 п.н.е., историчарот Полиен (2 век од н.е.) го запишал наводниот најстар познат крал во Илирија, Галаур или Галабрус, владетел на Таулите, во вториот дел од VII век п.н.е.[9][10][11][12] Некои научници ја сметаат автентичноста на пасусот на Полиен како спорна. [13] Без разлика дали овој извештај е историски веродостоен или не, и покрај интересот на Полиен за анегдотата, тоа имплицира широко распространета мисла низ антиката за значителен непријателство меѓу Македонците и Илирите уште во VII век п.н.е., доколку консензусот во современото истражување датирањето на периодот на владеење на Аргеј I е точно.[11][14] Во VII век п.н.е. Таулантиите се повикале на помош на Крф и Коринт во војна против Либурните. По поразот и протерувањето од регионот на Либурните, Коркиреите во 627 година п.н.е. на илирското копно основале колонија наречена Епидамнус, за која се сметало дека било име на илирски (варварски) крал на регионот.[8] Се појавил процут на трговскиот центар и градот започнал брзо да расте. Таулантиите продолжиле да играат важна улога во илирската историја помеѓу 5 и 4-3 век п.н.е., а особено во историјата на Епидамнус, и како негови соседи и како дел од неговото население. Имено, тие влијаеле на работите во внатрешните судири меѓу аристократите и демократите.[8] Се смета дека династијата Тауланти го достигнала својот врв за време на владеењето на Глаукија, во годините помеѓу 335 п.н.е. и 302 п.н.е.[6][8][15]
Според некои современи научници, династијата Бардилис — првата потврдена илирска династија — била од Дасаретан.[11][16][17] Исто така постои и друга историска реконструкција која го смета Бардилис за Дарданец како владетел, кој за време на проширувањето на неговото владеење го вклучил регионот на Дасаретите во своето царство, но ова толкување е оспорено од историчарите кои ја сметаат Дарданија предалеку на север за настаните поврзани со илирскиот крал Бардилис и неговата династија.[11][16][17]
Откако Филип II Македонски го поразил Бардилис (358 п.н.е.), Грабаите под Грабос II станале најсилната држава во Илирија. [18] Филип II во голема победа убил 7.000 Илири и ја припоил територијата до Охридското Езеро. Потоа, Филип II ги намалил Грабаите, а потоа отишол по Ардијаите, ги победил Трибалите (339 п.н.е.) и се борел со Плевриј (337 п.н.е.). После тоа Александар Македонски го поразил илирскиот поглавар Клит и негивите сили во 335 п.н.е. и илирски војници и племенски водачи учествувале во неговото освојување на Персија. По смртта на Александар почнале да се издигнуваат илирски племиња за да се осамостојат од македонската власт. После тоа во 312 п.н.е. кралот Глаукиј ги протерал од Драч.[19]
Во вториот дел од III век п.н.е., се смета дека голем број илирски племиња се обединиле за да формираат прото-држава што се протегала од централниот дел на денешна Албанија до реката Неретва во Херцеговина. Политичкиот субјект бил финансиран од пиратеријата и управуван од 250 п.н.е од кралот Агрон. Него го наследила неговата сопруга Теута, која ја презела регенцијата на нејзиниот посинок Пинеј по смртта на Агрон во 231 година п.н.е.[20] Кралицата Теута била позната по тоа што водела војни против Римјаните.
Кај делтата на Неретва имало силно хеленистичко влијание врз илирското племе Даори. Нивниот главен град бил Даорсон кој се наоѓал во Ошаниќи кај Столац во Херцеговина, и кој станал главен центар на класичната илирска култура. Даорсон, во текот на 4 век п.н.е., бил опкружен со мегалитски, високи 5 метри камени ѕидови, составени од големи блокови во форма на трапез. Даорите правиле и уникатни бронзени монети и скулптури. Илирите дури и ги освоиле грчките колонии на далматинските острови.
Илирското кралство било составено од мали области во рамките на регионот на Илирија. Единствено Римјаните владееле со целиот регион. Внатрешната организација на јужното илирско кралство укажува на имитирање на нивните соседни грчки кралства и влијание од грчкиот и хеленистичкиот свет во растот на нивните урбани центри.[21] Полибиј дал како слика на општеството во рамките на илирското кралство како селанската пешадија се борела под аристократи кои ги нарекува на грчки Полидинастаи (грчки: Πολυδυνάστες), каде што секој од нив контролирал град во кралството.[21] Монархијата била воспоставена на наследна линија, а илирските владетели ги користеле браковите како средство за сојуз со другите сили.[21] Плиниј (23–79 н.е.) напишал дека луѓето што го формирале јадрото на илирското кралство биле „сопствените Илири“ или Illyrii Proprie Dicti.[21] Тие биле Тауланти, Плереи Ендирудини, Сасаи, Грабаи и Лабеати. Овие подоцна се здружиле за да ги формираат Доклеатите.[22]
Последниот познат крал на Илирите бил Генциј, од племето Лабеати а негов главен град бил Скадар.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.