Зоологија
наука што се занимава со проучување на животните / From Wikipedia, the free encyclopedia
Зоологија — она поле од биологијата кое се занимава со проучување на животните. Како наука, таа се дели на општ дел или општа зоологија и специјален дел или систематика на животните. Општата зоологија ги проучува сите појави во животинскиот свет кои имаат општо значење, а систематиката на животните се обидува сите животни, според различните одлики, да ги подели во одреден број разновидни систематски категории заради полесно распознавање и проучување.