From Wikipedia, the free encyclopedia
Златно време на холандското сликарство — период во историјата на холандската уметност. Ова се уметничките случувања за време на холандското „златно време“, (XVII век), во кој холандската трговија, наука, и уметност била меѓу најценетите во светот. Сликарите од овој период оставиле големо и длабоко наследство во светската уметничка историја.
Историја на холандското и фламанското сликарство | |
Ранофламанско (1400 – 1500) | |
Ренесансно сликарство (1500 – 1584) | |
Златно време (1584 – 1702) | |
Листа на холандски сликари | |
Листа на фламански сликари |
Делата од ова време главно се класифицираат како:
Се јавувале и комбинации на горенаведениве категории. Тука често се користеле алегории, во кои насликаните предмети носеле јавна симболичка смисла. На пример, во една мртва природа може да има череп, песочен часовник и изгасена свеќа, симболи на смртноста. Годишните времиња често се прикажани преку човековите активности типични за тоа време (лизгање, сеидба, жетва и сл). Сликите често биле со поучна содржина затскриена под површината.
Во оваа категорија спаѓаат слики не само на вистински историски настани, туку и слики со библиска, митолошка, книжевна и алегорична содржина. Големите драмски историски или библиски сцени биле поретки отколку во другите земји, каде верските и благородни покровители на уметноста често сакале да го потчинат посматрачот. Холандските сликари пак, особено во северните провинции, сакале да поттикнат чувства кај посматрачот давајќи им слисол на присуство во сцените од длабока интимност. како такви Рембрант и Рубенс се инзвонредни примери за големите разлики во стилот на холандските сликари од северните Ниски Земји, Холандската Република и Фландрија на југ.
Голем број на холандски слиакри биле инспирирани од и под влијание на италијанските сликари за време на нивните формативни години. Така кружеле и копии на ремек-дела и давале идеи за композициони шеми. Холандските сликари станале апсолутни мајстори на светлото, што е делумно извлечено од италијанските мајстори, особено Караваџо. Некои холандски сликари ја посетувале Италија за да учат од прва рака.
Портретното сликарство во Холандија доживеало расцут во XVII век. Богатите поединци нарачувале многу портрети за себе, додека градските служби и одбори нарачувале групни портрети.
Особено во првата половина на векот, портретите билел многу формални и здрвени во композиција. Групите седеле на маса, и секој гледал во посматрачот. На фините детали се обрнувало големо внимание - облеката, мебелот и другите знаци на општествен статус. Подоцна групите станале поживи и боите посветли.
Научниците често ги позирале своите инструменти и предметите на изучување околу нив. Лекарите позирале со скелет, од кои најпозната слика е Рембрантовата Час по анатомија на д-р Николас Тулп (1632). Советите претпочитале да бидат прикажани со строгост и возджаност, позирајќи во темни алишта (кои со својата префинетост сведочеле за нивниот општествен статус), често седнати на маса, со свечени изрази на лицата. Семејствата позирале во своите раскошни домови.
Највеќето портрети на граѓанската стража (хол. schutterstuk) биле нарачани во Харлем и Амстердам. Тука портретот ги фаворизирал со смисла на моќ, статус, па дури и весел дух. Во подоцнежните години седењето на маса се заменува со подинамична композиција, чиј најважен пример е Рембрантовата славна Ноќна стража (1642). Во Амстердам мнајголемиот дел од овие слики потоа завршувале во сопственост на градскиот совет. Многу од нив се изложени во Амстердамскиот историски музеј.
Групните портрети се плаќале поединечно од секое прикажано лице. Местото на лицето во сликата зависело од тоа колку е платено, или од глава до пети во полни регалии во предницата или само лицето, позади во групата. Понекогаш сите членови на групата плаѓале исто, што веројатно доведувале до спорови за тоа кој да биде понапред од другите.
Многу битови слики, кои навидум го прикажуваат само секојдневието, всушност илустрираат холандски поговорки и изреки, или носеле поучна порака, чие значење во денешно време не е секогаш лесно да се открие. Тука се прикажани секакви луѓе. Денес овие битови слики овозможуваат увид во секојдневието на граѓаните од XVII век од секоја класа.
Пределното сликарство било важен жанр во XVII век. Фламанските предели (особено од Антверпен) од XVI век ослужиле за пример за понатамошните дела. Овие не биле особено реалистични, бидејќи се сликале главно во студио, и делумно од имагинација. Набргу овој тренд се сменил, па почнале да предоминираат вистински предели. Цртежите се правеле на лице место. Хоризонтите се спуштале, то овозможувалои да се истакне често импресивните групи облици кои се така типични за таа клима, и кои даваат посебно светло. Омилени теми биле дините долж западното крајбрежје, реки крај ливади каде пасат говеда, често со силуета на градот во далечината. Озиболубале и зимски предели со замрзнати канали и потоци. Морето било омилена тема не само заради трговијата, туку и за нова земја и заради соперништвото со други земји. Сликите на поморски битки ја прижакуваат холандската историја во својата полна слава.
Холанќаните се факцинирале и од архитектура, особено цркви. Надворешноста и внатрешноста на зградите била верно репродуцирана. През овој век растел и увидот во правилното претставување на преспективата и истата била применувана со ентузијазам.
Мртвата природа му давала одлична можност на сликарот да ја покаже својата вештина во претставување на површини мошне детално и со реалистични светлински ефекти. На трпезите гледаме храна од најразличен вид, а сликарите имале прилика да покажат што можат сликајќи сребрен прибор, сложени шари и суптилни набори на чаршафите и цвеќиња. Особено истакнати во ова биле сликарите од Лајден, Хаг, и Амстердам.
Најславни холандски сликари од XVII век биле: Фердинанд Бол, Јан Вермер, Јан ван Гојен, Герард Дау, Вилем Дрост, Алберт Кејп, Питер Ластман, Јудит Лејстер, Јан Ливенс, Николас Мас, Марија ван Остервик, Адријан ван Остаде, Паулус Потер, Рембрант ван Рајн, Рахел Рејсх, Питер Санредам, Јан Стен, Карел Фабрициус, Говерт Флинк, Франс Халс, Питер де Хох.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.