Замбија на Олимписките игри
From Wikipedia, the free encyclopedia
Замбија првпат учествувала на Олимписките игри под сегашното име во 1968 година, и оттогаш се има натпреварувано на сите Летни олимписки ири со исклучок на бојкотираните игри во 1976 година. Претходно, се натпреварувала како Северна Родезија во 1964 година и под знамето на Родезија во 1960 година. Тие никогаш се немаат натпреварувано на Зимските олимписки игри.
Замбија на Олимписките игри | ||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||||||||
Олимписка историја | ||||||||||||
Летни олимпијади | ||||||||||||
*Како Северна Родезија |
||||||||||||
Други поврзани настапи | ||||||||||||
Родезија (1960) |
Замбиските спортисти имаат освоено два медали во два спортски настани. Боксерот Кит Мвила го освоил првиот бронзен олимписки медал за државата, во категоријата лесна мува на игрите во 1984 година, и дванаесет години подоцна, Самуел Матете го освоил сребрениот медал во 400 метри со пречки.
Националниот олимписки комитет на Замбија (NOCZ) бил создаден во 1951 година и признаен од МОК во 1963 година.