Бесланска заложничка криза
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бесланската заложничка криза, исто така позната и како опсада на бесланското училиште или бесланскиот масакар[2][3][4], се случил на почетокот на септември 2004 година во градот Беслан, Северна Осетија-Аланија во Русија, кога биле киднапирани околу 1.100 заложници од кои на крајот од драмата повеќе од 380 биле убиени. Заложничката криза започнала кога група на вооружени бунтовници по потекло главно од Ингушетија и Чеченија киднапирале повеќе од 1.000 луѓе, вклучувајќи 777 деца[5] во бесланското училиште на 1 септември. Киднапирањето на заложниците било спроведено од групата Ријадус-Салихин, и била испратена од страна на чеченскиот сепаратистички водач Шамил Басаев. По заземањето на училиштето Басаев издал барање до руските власти во кое се барало повлекување на руските сили од Чеченија и крај на Втората чеченска војна. По три дена неуспешни преговори, руските сили биле принудени да влезат во зградата по неколкуте експлозии кои се случиле внатре во училиштето. При акцијата за влегување во објектот бил искористен тенк за влез во близина на галеријата на училиштето и други тешки оружја[6]. На крајот од драмата загинале 334 заложници од кои 186 деца[7][8] а стотици други биле повредени или се водат за исчезнати. Руските специјални сили изгубиле 21 војници за време на акцијата.
Бесланска заложничка криза | |
---|---|
од горе и лево во правец на стрелките на часовникот: Полуразрушената зграда на училиштето бр. 1 во Беслан во 2008 година; православен крст истакнат во спортска сала во спомен на загинатите; „Дрво на жалта“ на меморијалните гробишта во Беслан; алманах со фотографии на загинатите заложници. | |
Место | Беслан, Северна Осетија-Аланија (Русија) |
Датум | 1 септември 2004 (UTC+03:00) |
Цел | Училиште број 1 |
Вид напад | Заложничка криза |
Мртви | најмалку 385 |
Повредени | околу 783[1] |
Сторители | Ријадус-Салихин |
Трагедијата довела до политички последици во Русија, особено по реформите за консолидирање на моќта на Московски Кремљ и зајакнување на овластувањата на претседателот на Русија. До 2011 година биле расветлени голем број на аспекти од кризата, вклучувајќи ги терористите кои биле вклучени, како и нивните подготовки и прашањето околу тоа дали некој од нив успеал да побегне. Прашањата поврзани околу кризата и владата и денес се тема на дискусија, главно од страна на медиумите, опишувајќи ги преговорите со бунтовниците, одговорноста од крвавите последици и употребата на можеби прекумерната сила при нападот[6][9][10][11][12]