неформална зелена политичка коалиција From Wikipedia, the free encyclopedia
Зелен хуман град (ЗХГ) — здружена иницијатива на 20 организации и активистички групи од Скопје. На локалните избори во 2021 година, тие настапиле со независна советничка листа за Советот на Град Скопје и освоиле две советнички места, а настапиле и со кандидат за градоначалник на Скопје кој не успеал да влезе во вториот круг.
Зелен хуман град | |
---|---|
Основач | Горјан Јовановски, НаТочак, ЕДЕН, Анима Мунди, Биди Зелен, Мама органа, Една може, Полио плус, Ромалитико, Ајде Македонија, Хумани градови, Меѓаши |
Гесло | За зелен и хуман град |
Основана | 16 септември 2020 |
Штаб | Скопје |
Идеологија | зелен општинизам директна демократија |
Бои | Зелена |
Совет на Град Скопје | 2 / 45 |
Мрежно место | |
zhg.mk | |
Знаме | |
Политика на Македонија Политички партии Избори |
Најголемиот дел од предисторијата на ЗХГ е локалниот граѓански активизам преку десетици организации кои низ годините се залагале за промени во локалните и национални политики опфаќајќи сфери како социјална правда, заштита на животната средина, заштита на животните и урбана подвижност.[1] Движењето во форма на иницијатива се јавува по граѓански буџетен форум „Моја заедница, моја визија“ кога до скопското градско собрание се поднесени 27 предлози.[2][3]
На 14 јули движењето најавило дека ќе настапи на локалните избори во Град Скопје со своја независна советничка листа предводена од Драгана Велковска и Горјан Јовановски.[1][4] Во подоцнежниот период преку платформата МојКандидат биле избрани и останатите поединци кои станале дел од конечната листа.[5]
На 17 август ЗХГ го почнале процесот за собирање на потребите потписи за кандидирање на независна советничка листа.[6] Истиот ден движењето ја претставило Ана Петровска како нивен кандидат за градоначалник на Скопје.[7]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.