Женска ракометна репрезентација на Данска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Женската ракометна репрезентација на Данска е репрезентација кој ја претставува Данска на меѓународните ракометни натпреварувања во женска конкуренција. Репрезентацијата е под контрола на Данската Ракометна Федерација.
Данска | |||
Податоци | |||
---|---|---|---|
Сојуз | Данска Ракометна Федерација | ||
Тренер | Клавс Брун Јоргенсен | ||
Капитен | Стине Јоргенсен | ||
Најмногу натпревари | Јане Колинг (335) | ||
Најмногу голови | Камила Андерсен (846)) | ||
Бои | |||
| |||
Резултати | |||
Летни олимписки игри | |||
Настапи | 4 (првпат во 1996) | ||
Најдобар резултат | 1-во, (1996, 2000, 2004) | ||
Светско првенство | |||
Настапи | 20 (првпат во 1957) | ||
Најдобар резултат | 1-во, 1997 | ||
Европско првенство | |||
Настапи | 13 (првпат во 1994) | ||
Најдобар резултат | 1-во, 1994, 1996, 2002 | ||
Последна поднова на податоците: 26 ноември 2018. |
Данската репрезентација е една од најуспешните репрезентации во женскиот ракомет со освоени три европски првенства (1994, 1996, 2002), светското првенство во 1997 година и три златни медали на Олимписките игри (1996, 2000, 2004). Со освојувањето на Светското првенство во 1997 година, тие станале првата женска ракометна репрезентација која ги држела сите три главни титули истовремено (Светско првенство, Олимпискиот турнир и Европското првенство), иако не се единствена затоа што во 2011 година, Норвешка станала втора репрезентација што го сторила тоа.
Сепак, и покрај големиот број на освоени титули, данската ракометна репрезентација бележи континуиран пад на женската ракометна сцена во последната деценија. Од 2012 година, репрезентацијата нема ниту еден освоен златен медал, правејќи го тоа за последен пат на Европското првенство 2002, на кое биле домаќини. Сепак, по 16 години пауза, тие го освоиле својот прв медал на Светското првенство 2013 година во Србија, кога завршиле како трети. Исто така, тоа бил нивниот прв медал после 9 години.