Еон (геологија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Еон претставува најкрупниот дел од поделбата на геолошкото време. За разлика од историското време, кое го обработува само времето во кое постои човекот, геолозите го дефинирале како време кое го претставува вкупното изминато време, периодот на времето од настанувањето на Земјата до денес.
Поделбите на геолошкото време се врши врз основа на некои крупни случувања, односно крупни промени, кои се случиле на Земјата.
Ова е поделбата на геолошкото време на еони, одејќи од најстариот кон најмладиот:
- Хадајк
- Архаик
- Протерозоик
- Фанерозоик
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/timeline/nxmguc7reecqm4jayytpfssx5kqikyf.png)
Истражувањата на историјата на Земјата се постојана работа на геолозите ширум светот. Така, и самата поделба на геолошкото време не е конечна, туку таа со текот на времето се менува и доградува, а пред сè се потврдува со конкретни докази.