From Wikipedia, the free encyclopedia
Езерски поети (англ. Lake Poets) се група поети кои живееле во Езерскиот Крај на Англија на почетокот на XIX век. Групата била своевидна книжевна „школа“ чии членови имале заеднички ставови. Нивните трудови биле остро напаѓани во списанието Edinburgh Review („Единбуршка ревија“). Овие поети се сметаат за важен дел од Романтизмот.
Тројцата клучни поети во школата биле Вилијам Вордсворт, Семјуел Тејлор Колриџ и Роберт Саути. Со нив твореле повеќе други поети и писатели како Дороти Вордсворт, Чарлс Лојд, Хартли Колриџ, Џон Вилсон и Томас Де Квинси.
Убавините на Езерскиот Крај претставувале инспирација за многумина други поети. Тука можат да се вбројат Џејмс Пејн, Брајан Проктер, Фелиција Хеманс и Валтер Скот.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.