Прогонство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Прогонство[1][2] или егзил[3][4] (заемка од латинскиот Exilium = протеран во туѓа земја) — збор кој означува отсуство на лице или група луѓе од сопствената родина поради прогон или протерување од државата или поради неподносливи услови за живот во нивната земја што предизвикува иселување.
Значи, прогонството е поврзано со ограничувања на слободниот развој на лицето во матичната земја. Наспроти прогонот во сопствената земја, на новото одредиште, нема ограничувања или санкции за личните слободи од владата на земјата одговорна за егзилот.