duduk From Wikipedia, the free encyclopedia
Дудук, кавалче/кафалче, кавал/кафал и сворче – свирка затворена на горниот крај, на која е пробиен процеп за дување. Истиот се вбројува како овчарски солистички инструмент. Називот кавал, односно кавалче, и за овој вид флејти укажува на фактот дека два различни типа свирки имало по конструкција, а се именуваат со ист назив.
Дудукот спаѓа во надолжни флејти од типот блокфлејти. Во Битолско поле, Охридско поле и Преспа, дудукот се именува со зборовите кавал и кавалче, а во источна македонија истиот се именува како сворче. Во остатокот на Македонија, го задржува името дудук.
За потеклото на овој инструмент многу малку се знае. Меѓутоа, во Македонија е масовно распостранет во сите области.
Во дрво обликувано во форма на валјак, со пресек од 25-30мм (2-3см), јасеново, јаворово или некое друго, се пробива канал со три различни пресеци. Првиот канал со пресек од 20 до 23 мм, кој се пробива во горниот дел на инструментот, на кој се дува (устиње или рез), затворен со валчест дрвен затворач спресма него остар раб (јазиче), т.е. иста конструкција што ја има кај свирката од врбова фиданка, исечен од ѕидовите на првокласна улога во реализајција на тонот и тонските низи.
Во продолжение на првиот канал, настанува пробивање на вториот канал со пресек од 15 мм, и на последниот, односно трет канал со пресек од 8 мм во должина од 25мм. На спротивната страна од процепот, се пробиваат шест мелодиски отвори, во форма на елипса или круг, распоредени така што шестиот мелодиски отвор да биде продупчен во средината на инструментот, а другите пет по неа.
Расотјанието меѓу трите горни и трите долни мелодиски отвори зависи од должината на инстурментот. За малите дудуци обично се користи расојание од 15-ти дел од должината на инструментот. За долгите дудуци, растојанието меѓу горните три и долните три се зфолемува сообразно со должината на инструментот и може да биде до два пати зголемено наспрема растојаните што го имаат малите дудуци. Оддалеченоста се проверува според реализацијата на квинтата на инструментот. Се украсуваат со резба и шари, а понекогаш и со елементи од зооморфизмот и антропоморфизмот.
Се изработуваат во две големини: мали дудуци со должина од 24 до 40см, и големи дудуци со должина од 70 до 78см. Краевите на инструментот се обложени со прстени дорожна материја, или на нив се намотува тенка жица, што има за цел да се спречи свиткувањето и пукањето на инструментот.
Површината на која се дува (устиње), најчесто е рамна површина, и речиси, не се среќаваат дудудци со клун, какви што често се среќаваат кај други народи.
Малите дудуци се изработуваат во штимовите ге1 (G1), а1 (A1), ха1 (H2), ц2 (C2), де2 (D2) и ес2 (S2); а големите во штимовите а (A), бе (B) и це1 (C1).
Тоновите можат да се реализираат на два начина:
Со дудукот можат да се реализираат полуфлажолетни тонови, дијатонски пасажи, скокови, поголеми интервали, трилери и предудари. Апликацијата и реализацијата на хроматските тонови е иста како и кај шупелката.
Дудукот при свирењето се држи со двете раце, вертикално пред себе. Со левата рака се покриваат трите мелодиски отвори пробиени на долниот крај, а десната ги покрива трите горни мелодиски отвори. Се користат кажипрстот, средниот и тој до него на двете раце. Реализацијата на тоновите е сосема лесна, што ја условува неговата голема примена во инструменталната практика. Репертоарот им се состои во импровизирање на народни мелодии.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.