Државен министер на Монако
From Wikipedia, the free encyclopedia
Државниот министер (фр. Ministre d'État) е шеф на владата на кнежевството Монако, назначен од Кнезот (или Кнегињата). Во службата тој има должност да ја предводи работата на владата и да раководи со надворешните односи на земјата. Како претставник на кнезот, државниот министер исто така раководи со извршните органи, полицијата, и заседава со Државниот совет, на кој има право да гласа.
Монако |
Оваа статија е дел од темата: |
|
|
|
Оваа функција е воведена во 1911 г. со усвојвуањето на Уставот на Монако. Сè до преработката на уставот 2002 г., тој морал да биде француски државјанин, одбран меѓу вишите државни чиновници од француската влада. Од 2002 г. наваму, државниот министер може да биде или од Франција или од Монако, а правото на избор и назначување го има самиот Кнез, по претходна консултација со француската влада.