Дипломатско право
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дипломатското право е дел (гранка) на современото меѓународно право. Дипломатската дејност во сите нејзини форми и методи е сообразена со современото меѓународно јавно право. Дипломатијата како средство за надворешната политика на државата е тесно сврзана со меѓународните политички односи, посебно меѓународните односи на државите, а во поново време и со односите сврзани со дипломатски меѓународни организации и нивното функционирање. Како што е познато меѓународното јавно право во одредена гранка, претставува севкупност од правни норми, коишто ги регулираат односите меѓу субјектите на меѓународното право во таа гранка на право, па оттука дипломатското право регулира функциониранњето и статусот на дипломатската служба во странство. Во меѓународната доктрина, дипломатското право главно регулира статусот на дипломати и дипломатсите мисии и претставништва. Најголем дел од ова гранка на меѓународното право се однесува на привилегии и имунитетите на дипломати и дипломатсите мисии, претставништва (згради, инвентар, давачки и сл.), како и на привилегии и имунитетите на меѓународни организации и мисии на истите, или дипломатсите мисии на државите акредитирани кај овие организации.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |