From Wikipedia, the free encyclopedia
Ден на бугарската просвета и култура и на словенската писменост (бугарски: Ден на българската просвета и култура и на славянската писменост) — државен празник на Бугарија кој се прославува на 24 мај. На овој ден Бугарите ја прославуват бугарската култура и создавањето на кирилицата, во т.н. Преславска книжевна школа. Овој празник во Македонија се слави како „Ден на сесловенските просветители“.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Ден на бугарската просвета и култура и на словенската писменост | |
---|---|
Офиц. назив | Ден на бугарската просвета и култура и на словенската писменост |
Го празнува(ат) | Бугарија |
Вид | национален |
Датум | 24 мај |
Прослава | концерти, културни настани, доделување награди |
Поврзано | Кирил и Методиј |
Првите познати сведочи за прославата на празникот се пронајдени во ерменската летописи од 1813 г, каде што се споменува за прослава на светите браќа на 22 мај 1803 г. во Шумен.
За првпат на 11 мај 1851 г. во епархиското училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Пловдив по иницијатива на Најден Геров се организира празник на светите браќа Кирил и Методиј – создатели на словенската писменост. Во 1857 година празникот редовно се прославува во Пловдив, Цариград, Шумен и Лом, а на 11 мај 1860 година и во црквата Св. Богородица во Скопје.
Од 60-те години на XX век секоја година традиционално во Рим се одбележува овој празник со посета на државна и црковна делегација од Бугарија која се поклонува на гробот на сесловенскиот просветител Свети Кирил во црквата Сан Клементе. На ова му претходи официјална посета на Ватикан и папата.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.