Демагогија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Демагогија претставува политичка стратегија со цел на стекнување политичка моќ преку одбрана на вообичаените предрасуди, стравови и очекувањата на еден колектив или општество. Типична стратегија на демагошките говори е реторика и пропаганда, како и популизам.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/9/9a/Slobodan_Milo%C5%A1evi%C4%87_cropped.jpg)
Според Аристотел, демагогијата е облик на воспоставување на демократија, по која доаѓа до тиранија на групата или поединецот. Демагозите, потпирајќи се на масата, сметајќи на нејзината незрелост, ветувајќи брзо исполнување на желбите, го забрзуваат целосниот преврат во државата.
Демагогијата е пракса со која власта ги оддалечува граѓаните од вистинското учествување во јавните работи.
Демагогот е личност која користи ораторски вештини со кои ги поттикнува стравовите на публиката, предизвикуваат омраза, алчност и параноја. Претставува вештина на харизматични водачи, а во современиот политички речник е навреда.