Данило I Петровиќ Његош
From Wikipedia, the free encyclopedia
Данило I Петровиќ Његош (1670, Црна Гора, Османска империја — 1735, Манастир Подмаин, Венецијанска Република) бил цетински и црногорски владика, зачетник на борбата за ослободување на Црна Гора од османлиската власт, основач на црногорската династија Петровиќ-Његош и човекот кој поставил темелот на рускиот култ во Црна Гора. Тој е првиот Црногорец кој воспоставил политички врски со Руското царство, а воспоставувањето на врските со рускиот двор биле најважното надворешнополитичко случување за Црна Гора во овој период, случување кое имало одучувачка улога за понатамошниот политички и општествен живот на Црногорците.
Данило I Петровиќ Његош | |||||
---|---|---|---|---|---|
владика на Црна Гора | |||||
Данило I претставен во првото издание на Горски венец (всушност тоа е ликот на самиот Петар II Петровиќ Његош) | |||||
На престол | 1697-1735 | ||||
Наследник | Сава Петровиќ Његош | ||||
| |||||
Династија | Петровиќ-Његош | ||||
Татко | Шќепан Калуѓеров Петровиќ-Његош | ||||
Мајка | Сава |
Владиката Данило се појавил на црногорската историска сцена во еден особено значаен момент. Период во кој биле удрени основите за развој на политичкиот и друштвениот живот на Црна Гора во текот на целиот XVIII век. Данило бил инспиратор и организатор на т.н Истрага против потурчените (исламизирани Црногорци). Владиката Данило користејќи се со неограничената власт во Црна Гора, успеал да ги смири меѓуплеменските судири и да го одржи мирот со Османлиското Царство по склучувањето на Пожаревачкиот мир од 1718 година.
За време на владеењето на владиката Данило, борбата на Црногорците против Османлиското Царство, започната уште во 17 век, влегла во одлучувачка фаза за еманципација од османлиската власт.