Данци
From Wikipedia, the free encyclopedia
Данците (на дански: danskere) се нација и етничка група, чија матична земја е Данска и кои го зборуваат данскиот јазик, јазик кој спаѓа во фамилијата на германски јазици. Во Данци спаѓаат сите луѓе кои имаат данско потекло, без разлика дали живеат во матичната држава или пак во Јужен Шлесвиг, поранешна данска провинција (која денеска се наоѓа во модерна Германија) или пак во која било друга држава. Данците како помала етничка група, заедно во унија со уште Финците, Норвежаните и Швеѓаните ја формираат скандинавската група на народи. Денеска во Данска живеат околу 5,7 милиони Данци.[1]