Динамичка меморија со случаен пристап
From Wikipedia, the free encyclopedia
Динамичка меморија со случаен пристап (ДРАМ) (англиски: Digital Random Access Memory (DRAM)) — вид меморија со случаен пристап која го чува секој бит на податоци во посебен кондензатор во рамките на едно интегрирано коло. Кондензаторот може да биде полн или празен. Овие две состојби се земаат да ги претставуваат двете вредности на битот, вообичаено наречени 0 и 1. Бидејќи дури и неспроводливите транзистори секогаш пропуштаат мала количина, кондензаторите полека се празнат и информациите почнуваат да се губат освен ако полнежот на кондензаторите не се освежува периодично. Поради ова барање за освежување, се работи за динамичка меморија што е спротивно на статичка меморија со случаен пристап (СРАМ) и други статички типови на мемории. За разлика од флеш-меморијата, ДРАМ е непостојана меморија бидејќи таа брзо ги губи своите податоци кога ќе се исклучи од напојување.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/e/e9/Slikaaa.jpg/320px-Slikaaa.jpg)
ДРАМ широко се користи во дигиталната електроника каде што се потребни ниска цена и меморија со голем капацитет. Една од најголемите примени на ДРАМ е нејзино користење како главна меморија (наречена РАМ) во современите компјутери и како главна меморија во компонентите што се користат во овие компјутери како што се графичките картички (каде главната меморија се нарекува графичка меморија). Спротивно на тоа СРАМ што е побрза и поскапа отколку ДРАМ, обично се користи каде што брзината е поважна од трошоците, како што е случај со кеш-меморијата во обработувачите.
Предноста на ДРАМ е во нејзината структурна едноставност - потребни се само еден транзистор и кондензатор по бит, во споредба со четири или шест транзистори во СРАМ. Ова му овозможува на ДРАМ да постигне многу висока густина. Транзисторите и кондензаторите што се користат, бидејќи се многу мали може да се спакуваат милијарди на еден мемориски чип. Поради динамичкиот карактер на неговите мемориски клетки ДРАМ троши релативно големи количини на енергија, со различни начини за управување со потрошувачката енергија[1].