Гранодиорит
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гранодиоритите се вариетет на гранитот, кај кои натриумовиот плагиоклас преовладува над алкалниот фелдспат. Имаат зрнеста (главно среднозрнеста до ситнозрнеста) структура. По боја се сивозелени, зелени или црвеникави (кога бојата им доаѓа од обоениот фелдспат). Бидејќи се побогати со боени состојки, гранодиоритите се главно потемни од гранитите.
Минерали кои го градат гранодиоритот се:
- кварц,
- алкални фелдспат, кои може да биде ортоклас или микроклин,
- интермедијарни плагиоклас,
- обоени минерали (најчесто од групата на лискуни).
Структурата на гранодиоритот е зрнеста, а текстурата е масивна.