From Wikipedia, the free encyclopedia
Гран-при Монтреал 2011 — второ издание на Гран-при Монтреал, еднодневна професионална велосипедска друмска трка. Била одржана на 11 септември 2011, на растојание од 205,7 километри, почнувајќи и завршувајќи во Монтреал, Квебек, Канада. Ова била 25. трка во сезоната на Светската турнеја.
Светска турнеја на UCI 2011, трка 25 од 27 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Date | 11 септември 2011 | ||
Растојание | 205,7 км | ||
Време | 5ч 20' 18" (23,9 км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Руј Кошта (Португалија) | (Мовистар Тим) | |
Втор | Пјерик Федриго (Франција) | (ФДЖ) | |
Трет | Филип Жилбер (Белгија) | (Омега Парма-Лото) | |
Возачот на Мовистар Тим Руј Кошта победил на трката, имајќи напад на последното искачување Мон Ројал со неколку други возачи и останал напред сè до крајот, победувајќи во спринтот пред возачот на ФДЖ Пјерик Федриго.[1][2] Другиот возач во бегството, Штефан Денифл од Леопард Трек не успеал и завршил дури на петтото место на целта, позади двоецот на Омега Парма-Лото Филип Жилбер и Јирген Рулантс.[3]
Трката се состоела од 17 круга, од по 12,1 километар во секој круг во должина, зголемување за еден круг од трката во 2010. Кругот, околу главниот кампус на Универзитетот Монтреал, бил добро прилагоден за специјалисти за искачувања, со три искачувања во круг и за оние кои сакаат нагорнини. Крајот се наоѓал на рид, кој се наоѓа на Авени ду Парк.[4]
Поради тоа што трката влегла на календарот на Светската турнеја, сите осумнаесет ProTour екипи биле поканети автоматски. Четири дополнителни покани биле доделени на – Кофидис, ФДЖ, СпајдерТек-Ц10 и Тим Јуропкар – да ја оформат групата од 22 екипи на настанот.[5]
Поканетите екипи на трката биле:
|
|
Место | Велосипедист | Екипа | Време | Светска турнеја на UCI Бодови[6] |
---|---|---|---|---|
1 | Руј Кошта (ПОР) | Мовистар Тим | 5h 20' 18" | 80 |
2 | Пјерик Федриго (ФРА) | ФДЖ | и.в. | – |
3 | Филип Жилбер (БЕЛ) | Омега Парма-Лото | + 2" | 50 |
4 | Јирген Рулантс (БЕЛ) | Омега Парма-Лото | + 2" | 40 |
5 | Штефан Денифл (АВТ) | Леопард Трек | + 2" | 30 |
6 | Даниеле Пјетрополи (ИТА) | Лампре-ИСД | + 4" | 22 |
7 | Марко Маркато (ИТА) | Вакансолел-ДКМ | + 4" | 14 |
8 | Артур Вишо (ФРА) | ФДЖ | + 4" | – |
9 | Риналдо Ночентини (ИТА) | Аг2р-Ла Мондијал | + 4" | 6 |
10 | Фабијан Вегман (ГЕР) | Леопард Трек | + 4" | 2 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.