Јохан Волфганг фон Гете
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јохан Волфганг фон Гете (германски: Johann Wolfgang von Goethe; 28 август 1749 , Франкфурт на Мајна - 22 март 1832 , Вајмар) — германски романописец, поет, драматург, хуманист, научник, филозоф и десет години премиер на војводството Вајмар.
Гете бил една од клучните фигури на германската литература и движењето Вајмарски класицизам во доцниот XVIII и раниот XIX век; ова движење коинцидира со просветителството, Sturm und drang, сентиментализмот и романтизмот. Како автор на Фауст и Теоријата на боите, тој го инспирирал Дарвин во неговото независно откривање на премаксилата на човечката вилица и концентрацијата на идеите за еволуцијата. Влијанието на Гете се ширело низ Европа и за време на следниот век неговата работа била примарен извор на инспирација во музиката, драмата, поетиката и филозофијата.[1]