From Wikipedia, the free encyclopedia
Геолошка скала — систем на хронолошко изразување на одделните периоди во минатото што ја одразува стратиграфија на Земјата и наоѓа примена во геологијата, палеонтологијата и други науки за Земјата согласно редоследот на позначајни настани во нејзината историја. Поделбите и боите и временските периоди на тука претставената табела се водат според номенклатурата на Меѓународната комисија за стратиграфија (ICS).
Наодите од радиометриско датирање укажуваат на тоа дека Земјата е стара 4,54 милијарди години. Нејзиното „длабоко минато“ е поделено на повеќе периоди во склад разни позначајни настани што го карактеризираат секој период. Периодите исто така се препознаваат и по различниот состав на секој слој, што укажува на крупни биолошки и палеонтолошки збиднувања како масовни изумирања. На пример, границата помеѓу периодите креда и палеоген ја исцртува т.н. „кредопалеогенско изумирање“ го бележи исчезнувањето на диносаурусите и многу други видови на организми. Постарите временски дијапазони за кои нема доверливи фосилни наоди (пред еонот протерозоик) се определени според апсолутна старост.
Најголемата постоечка единица за време супереонот, кој се состои од еони. Еоните се делат на ери, кои пак се поделени на периоди, епохи и доба. Поимите еонотем, ератем, систем, оддел (серија) и степен се називи за карпестите слоеви што одговараат на овие геолошки периоди.
Единиците потоа се делат на ран, среден и доцен (за временскиот период) и горен, среден и долен за карпестите слоеви. На пример, долнојурскиот оддел во хроностратиграфијата соодветствува на ранојурската епоха во геохронологијата.[2]
Согласно македонскиот правопис, сите периоди од било кој вид се пишуваат со мала буква.[3]
Геолошките единици од ист период но различен дел од светот изгледаат различно и содржат поинакви фосили, па затоа во минатото добивале различни називи. На пример, во Северна Америка, долниот камбриум се нарекува „вокопски оддел“ што се дели на зони согласно последователноста од трилобити. Во Источна Азија и Сибир пак, истата единица е разделена на степените алексиум, атдабаниум и ботомиум. Клучна улога на комисијата е да ги усогласува нескладните поими за периодите што се поклопуваат, со цел да обезбеди еднообразни геолошки хоризонти за употреба во целиот свет.[4]
Во табелава се наведени поважните настани и особености на периодите што ја сочинуваат геолошката скала (согласно ICS). Поскорешните периоди се погоре, а постарите подолу. Висината на секој оддел е неповрзана со траењето на периодот.
Предлошка:Геолошка скала-подробна
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.