Генерален секретар на Организацијата на Обединетите нации — раководител на Секретаријатот на ООН, еден од главните органи на ООН. Генералниот секретар едновремено е и гласноговорник и предводник на Обединетите нации.

Thumb
Антонио Гутерес, еден од генералните секретари на ООН

Функција

Функцијата на Генералниот секретар била зацртана уште при основањето на ООН во 1945. година како „светски преговарач“, но со Повелбата на ООН (член 97) неговата функција е определена како „главен администратор“. И покрај тоа, сите досегашни носители на оваа функција истапувале во името на светските интереси и имале значајна улога во глобалните прашања.

Резиденцијата на Генералниот секретар е петкатна зграда на Менхетен, во Њујорк.

Мандат и избор

Генералниот секретар има мандат од 5 години, со можност за реизбор. Најголемиот број вршители на оваа функција биле избирани на по два мандати. Според Повелбата на ООН, Генералниот секретар го назначува Генералното собрание на ООН, а го номинира Советот за безбедност. Поради тоа, изборот на Генералниот секретар е подложен на вето, односно мора да биде со согласност на сите постојани членки на Советот за безбедност.

Во пракса, ниеден Генерален секретар не бил од земјите кои се постојани членки на Советот за безбедност, и сите биле избирани како резултат на најширок можен компромис.

Досегашни Генерални секретари

Повеќе информации #, Генерален секретар ...
#Генерален секретарМандатДржавјанствоПричина за повлекувањеРеф.
Гледвин Џеб24.10.1945 –
1.2.1946
Обединето Кралство Обединето Кралство
(Европа)
Бил вршител на должноста до изборот на првиот Ген. секретар.
1Thumb
Тригве Ли
1.2.1946 –
10.11.1952
Норвешка Норвешка
(Европа)
Дал оставка поради притисокот од СССР.[1]
2Податотека:Dag Hammarskjold.jpg
Даг Хамаршелд
10.4.1953 –
18.9.1961
Шведска Шведска
(Европа)
Загинал во авионска несреќа во Северна Родезија (денес Замбија), додека бил на мировна мисија во Конго.[2]
3Thumb
У Тант
30.11.1961 –
31.12.1971
Бурма
(Азија)
Не сакал да се кандидира за трет мандат.[3]
4
Курт Валдхајм
1.1.1972 –
31.12.1981
Австрија Австрија
(Европа)
Кина ставила вето на неговиот трет мандат.[4]
5Thumb
Хавиер Перес де Куељар
1.1.1982 –
31.12.1991
Перу Перу
(Јужна Америка)
Не сакал да се кандидира за трет мандат.[5]
6Thumb
Бутрос Бутрос Гали
1.1.1992 –
31.12.1996
Египет Египет
(Африка)
САД ставиле вето на неговиот втор мандат.[6]
7Thumb
Кофи Анан
1.1.1997 –
31.12.2006
Гана Гана
(Африка)
Се повлекол по два мандати.[7]
8Thumb
Бан Ки Мун
(반기문;潘基文)
1.1.2007–31.12.2016
Јужна Кореја Јужна Кореја
(Азија)
31 декември 2016.[8]
8Thumb
Антонио Гутерес
(반기문;潘基文)
1.1.2017–
Португалија Португалија
(Европа)
На функција.
Затвори

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.