Гатчина
град во Русија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Гатчина (руски: Гатчина) е град на северозапад на европскоиот дел на Руската Федерација. Се наоѓа во западниот дел на Ленинградската област, и административно му припаѓа на Гатчинскиот реон, кој воедно е и административен центар.
Според проценките на Националната статистичка служба за 2015 година во градот живееле 96.334 жители, што ја прави Гатчина најголем град во Ленинградската област. Градот има административен статус уште од 1796 година. Градската територија зафаќа површина од 28,75 км2.
Гатчина е еден од најважните индустриски, научни, културни и образовни центри на Ленинградкаа област, а историскиот центар на градот е на списокот на УНЕСКО за светското наследство (Музеј на отворено Гатчина и Гатчинскиот дворец). Од април 2015 година, градот Гатчина има наслов „Град на воена слава“.