Водороден показател
From Wikipedia, the free encyclopedia
Водороден показател или pH-вредност — мерка за активитетот на водородните јони (H+) во раствор, а со тоа и нивната киселост или алкалност. Во водни системи, активитетот на водородните јони е определен од јонскиот производ на водата (Kw = 1.011 × 10−14 на 25 °C) и заемнодејствата со другите јони во растворот. Според константата на јонскиот производ на водата, неутрален раствор (раствор во кој активитетот на водородните јони е еднаков со активитетот на хидроксидните јони) има pH-вредност 7. Водните раствори со пониска вредност од 7 се сметаат за кисели, додека оние со pH-вредност над 7 се сметаат за алкални (базни).