Вилксова Земја
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вилксова Земја (англ. Wilkes Land) е големо копнено подрачје на истокот на Антарктикот, на кое формално право полага Австралија како дел од Австралиска Антарктичката Територија, иако ова е полноважно само до истекот на Антарктичкиот договор. На предната страна областа излегува на јужниот Индиски Океан помеѓу Земјата на Кралицата Марија и Аделината Земја, и се протега од ‘ртот Хордерн (100°31' ИГД) до ‘ртот Пуркоа Па (136°11' ИГД). Подрачјето продолжува како отсечок во должина од 2600 км кон Јужниот Пол, и зафаќа површина од 2.600.000 км², главно замрзнато земјиште. Вилксовата Земја се дели на помали подрачја во облик на помали исечоци што водат до Јужниот Пол:
- Ноксова Земја: 100°31' ИГД - 109°16' ИГД
- Бадова Земја: 109°16' ИГД - 115°33' ИГД
- Сабринина Земја: 115°33' ИГД - 122°05' ИГД
- земја БАНЗАРЕ: 122°05' ИГД - 130°10' ИГД
- Клериева Земја: (Вилксов Брег) 130°10' ИГД - 136°11' ИГД
Во поширока смисла, Вилксовата Земја продолжува на исток до ‘ртот Алден (142°02' ИГД), зафаќајќи ја и Аделината Земја, на која полага право Франција.