Википедија:Почетен курс (Табели)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Викитабелата (англиски: wikitable) претставува распоред на колони и редови за сместување и организирање на податоци. Постојат различни стилови на корисни табели, како и мали финти за нивно прилагодување.
При уредување на некоја страница можете да вметнете општонаменска викитабела со копчето или („Вметни табела“) во алатникот за уредување. При кликнување на едно од копчињата, ќе се вметне следниов текст:
{| class="wikitable" |- ! наслов 1 ! наслов 2 ! наслов 3 |- | ред 1, клетка 1 | ред 1, клетка 2 | ред 1, клетка 3 |- | ред 2, клетка 1 | ред 2, клетка 2 | ред 2, клетка 3 |}
Предложниот текст ("наслов 1", „ред 1, клетка 1“ итн.) потоа се заменува со податоци.