Википедија:Википедијанци
From Wikipedia, the free encyclopedia
Википедијанците/ките се лица што пишуваат и уредуваат статии за Википедија, за разлика од читателите/ките кои само ги читаат статиите и останатите содржини. Секој може да биде Википедијанец/ка, вклучително и вие. Доволно е само да се притисне на врската уреди на почетокот од секоја страница или на почетокот од секое заглавие во статијата.
Кратенки: ВП:ЕДИЈАНЦИ ВП:КОРИСНИЦИ ВП:УРЕДУВАЧИ |
---|
Предложено е дека Википедист/ка би било посоодветно име, како што енциклопедист/ка е некој/а што придонесува на енциклопедија. „Википедијанецот/ката“ е дел од група или заедница како деноним. Во оваа смисла, википедијанци/ки се луѓе кои ја формираат Википедија заедницата.
Бројот на сопственици на сметки на Википедија постојано се зголемува и денес има точно 117.369 регистрирани корисници/чки, плус непознат/а, но исто така голем број на нерегистрирани уредувачи/ки. Сепак, повеќето регистрирани корисници/чки не се редовни уредувачи/ки (види Листа на корисници за целосната листа). Детални статистички податоци за Википедија се достапни на овде.
Разновидноста на википедијанците/ките ги прави скоро невозможни можните категорични тврдења за википедијанците/ките како целина. Информации за повеќето регистрирани корисници/чки можат да се најдат на нивните кориснички страници. Сепак, корисниците/чките не се обврзани да ги создаваат овие страници или да ставаат информации на нив, тоа е по избор и може да биде избегнато.
Некои википедијанци/ки ги пречекуваат новите корисници; некои википедијанци/ки ги наградуваат оние за кои чувствуваат дека заслужиле награда. Некои подигнуваат слики; некои работат на статии за историјата; некои ги поправаат граматичките грешки; а пак други работат на отстранување на вандализам. Некои ги прават сите овие задачи. Без разлика која задача некој/а ќе ја одбере, трудот на секој/а википедијанец/ка е скапоцен.